Доделување на сертификат од Велика Британија за одличност во спроведувањето на јавните набавки печати

Скопје, 16.05.2019

Денес Јавното претпријатие за државни патишта се стекна со меѓународно признат сертификат за одличност во спроведувањето на јавните набавки од страна на Експертски Институтот за набавки и снабдување од Велика Британија. Со стекнатиот сертификат се потврдува континуираното работење на подобрувањето и ефикасноста во спроведувањето, управувањето и мониторингот на јавните набавки во Јавното претпријатие за државни патишта.

Овој Сертификат ни е од голема важност, кој ја покажува нашата транспарентност, нашето работење и отчетност во постапките на јавните набавки. За кој што добивме и потврда од Центарот за граѓански комуникации во изданието за Јануари 2019 година, каде што на нивната Ранг листа на претпријатија според транспарентност Јавното претпријатие за државни патишта беше ставено на Прво место на оваа ранг листа со највисоки исполнувања на обврските. Сето ова ја покажува транспарентноста на Владата на Република Северна Македонија, на која што сме особено горди. Владата на РСМ и понатаму ќе продолжи да работи на тоа граѓаните да бидат запознати каде се трошат нивните пари.

 

Сподели: