Најава на голема градежна експанзијапечати

Скопје, 07.11.2018

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија Зоран Китанов најавува голема градежна експанзија.

Рехабилитација на магистрални и регионални патишта со средства обезбедени од Европската банка за обнова и развој – ЕБОР


До крајот на 2018 година со рехабилитација ќе започнат следниве патни правци:

 

  • Рехабилитација на Кочани Обиколница  со должина од 7 километри и проценета вредност од 2 милиони евра.
  • Рехабилитација на патен правец Пробиштип - Крупиште со должина од 18 километри и проценета вредност од 6 милиони евра.
  • Рехабилитација на патен правец Штип - Радовиш со должина од 20 километри и проценета вредност од 3 милиони евра.
  • Рехабилитација на патен правец Крива Паланка - Ранковце со должина од 21 километри и проценета вредност од 3 милиони евра.
  • Рехабилитација на патен правец Куманово - Свети Николе со должина од 18 километри и проценета вредност од 3,5 милиони евра.
  • Рехабилитација на патен правец Куманово - Опае со должина од 7 километри и проценета вредност од 1,5 милиони евра.
  • Рехабилитација на патен правец Куманово - Никуштак со должина од 12 километри и проценета вредност од 2,5 милиони евра.

За почеток на 2019 година се предвидени да започнат:

  • Рехабилитација на патен правец Катланово-Петровец со должина од 7 километри и проценета вредност од 5 милиони евра.
  • Рехабилитација на патен правец Маврови Анови-Жировница со должина од 20 километри и проценета вредност од 4 милиони евра.

Во втората половина на 2019 година ќе започнат:

  • Рехабилитација на патен правец Миладиновци - Петровец со должина од 7 километри и проценета вредност од 1.5 милиони евра.
  • Рехабилитација на патен правец Хиподром - Петровец со должина од 10 километри и проценета вредност од 4 милиони евра.
  • Рехабилитација на патен правец Миладиновци - Хиподром со должина од 10 километри и проценета вредност од 4 милиони евра.
  • Рехабилитација на патен правец Кривогаштани - Крушево со должина од 13 километри и проценета вредност од 2 милиони евра.
  • Рехабилитација на патен правец Подмоље - Струга - Ќафасан со должина од 19 километри и проценета вредност од 3 милиони евра.
  • Рехабилитација на патен правец Битола - Граница со Грција со должина од 13 километри и проценета вредност од 2 милиони евра.
  • Рехабилитација на патен правец Битола - Демир Хисар со должина од 12 километри и проценета вредност од 1.8 милиони евра.
  • Рехабилитација на патен правец Крушево - Демир Хисар со должина од 24 километри и проценета вредност од 3.5 милиони евра.
  • Рехабилитација на патен правец Другово - Демир Хисар со должина од 42 километри и проценета вредност од 7.5 милиони евра.
  • Рехабилитација на патен правец Кичево - Македонски Брод со должина од 25 километри и проценета вредност од 5 милиони евра.

За почеток на 2020 година се предвидени да започнат:

  • Рехабилитација на патен правец Карпалак - Желино со должина од 16 километри и проценета вредност од 2,5 милиони евра.
  • Рехабилитација на патен правец Катланово - Велес со должина од 20 километри и проценета вредност од 3,2 милиони евра.
  • Рехабилитација на патен правец Велес - Демир Капија со должина од 25 километри и проценета вредност од 4 милиони евра.
  • Рехабилитација на патен правец Македонска Каменица - Саса со должина од 10 километри и проценета вредност од 1,5 милиони евра.
  • Рехабилитација на патен правец Узем - Тораница со должина од 9 километри и проценета вредност од 1,5 милиони евра.
  • Рехабилитација на патен правец Фариска - Прилеп со должина од 23 километри и проценета вредност од 6 милиони евра.
  • Рехабилитација на патен правец Скопје - Блаце со должина од 13 километри и проценета вредност од 3 милиони евра.

 


Рехабилитација на магистрални и регионални патишта финансирани преку Светска Банка


До крајот на 2018 година со рехабилитација ќе започнат следниве патни правци:

 

  • Регионален пат P1207, Младо Нагоричане – Пелинце со должина од 10км.
  • Регионален пат P1204 Куманово – Свети Николе со должина од 10км.
  • Регионален пат P1209 Тетово – Попова Шапка со должина од 18км.         
  • Регионален пат P1106 Јурумлери – Драчево со должина од 4км.
  • Регионален пат P1305 Битола – Демир Хисар со должина од 10км.
  • Регионален пат P2131 Драчево – Орешани со должина од 9 км.
  • Магистрален пат А3е Делчево – Звегор со должина од 5 км.
  • Регионален пат P1302 Делчево – Пехчево со должина од 10 км.
  • Регионален пат P1304 Берово – Виница со должина од 11км.         
  • Магистрален пат А2 Струмица – Ново село со должина од 14км.
  • Регионален пат P1107 Кавадарци – Росоман со должина од 8км.
  • Регионален пат P1109 Фурка – Богданци – Гевгелија со должина од 16 км.

Изградба и санација на мостови:

  • Изградба на Мост на државен пат Р2136 на река Пчиња кај Коњаре со должина од 132,4 метри и проценета вредност од 67.142.000,00 денари со ДДВ.
  • Изградба на мост бр.2 на р. Бабуна, Богомила на државен пат Р2336 со должина од 28.82 метри и проценета вредност од 14.572.349,00 денари со ДДВ.
  • Градежно санациони работи на мост бр.1 на рег. пат Р1105 на р. Вардар кај Удово со должина од 210 метри и проценета вредност од 1,491.680.644,00 денари со ДДВ.
  • Градежно санациони работи на мост на маг. пат А2, на р. Вардар кај Сарај со должина од 90 метри и проценета вредност од 37.052.000,00 денари со ДДВ.
  • Санација на 5 (пет) моста на државен пат А2 делница од Гостивар (Мост кај село Здуње) до село Колари, прв мост Л= 120м, втор мост Л=45м, трет мост Л= 90м, четвртиот мостЛ= 60м и петиот мост Л= 45 м, проценета вредност за сите пет моста e 136.986.223,60 денари со ДДВ. 
  • Изградба на мост на рег. пат  Р1107 на р. Луда Мара кај село Ваташа со должина од 26 метри и проценета вредност 29.494.100,00 денари со ДДВ.
  • Градежно санациони работи на мост на река Коселска на маг. пат А3, кај Охрид со должина од 21,5 метри и проценета вредност 9.656.259,00 денари со ДДВ.
  • Градежно санациони работи на мост над Желазница со должина од 24 метри и проценета вредност 22.420.000,00 денари со ДДВ.
  • Градежно санациони работи мост над р. Вардар на Р1103, Лакавица - Неготино, (Пепелиште) со должина од 165.5 метри и проценета вредност 115.168.000,00 денари со ДДВ.


Рехабилитации на магистрални и регионални патишта со рамковни спогодби финансирани преку сопствени средства – буџет на ЈПДП

Проект: Рамковна спогодба за поправка и рехабилитација на државни патишта од А категорија кои ги опфаќаат следните делници:

Рехабилитација на сообраќајна возна лента на државен пат А1 делница Велес (Штипска клучка) – Градско и Градско – Велес (Штипска клучка)  (20,2км)
Буџет: буџет 67,26  милиони денари средства од буџетот на ЈП за државни патишта
Рок за изградба: 2018 – 2019 година
Статус: Потпишан е Договор со Изведувач, a рокот за изведување на работите е до 03.03.2019 година. Се очекува да се отпочне со работа во Ноември 2018 година.

Проект: Рехабилитација на обиколка на Скопје (клучка Стајковци – Клучка Мирковци) – возна и брза лента (8,50 км)
Буџет: буџет 35,6 милиони денари средства од буџетот на ЈП за државни патишта
Рок за изведба: 2018 – 2019 година
Статус: Потпишан е Договор со Изведувач а рокот за изведување на работите е до 10.04.2019 година. Завршено е со асфалтирање на приближно 8,0 км.

Проект: Рехабилитација на државен пат А2, делница Колари - Кичево (11,4 км)
Буџет: буџет 100,9 милиони денари средства од буџетот на ЈП за државни патишта
Рок за изведба: 2018 – 2019 година
Статус: Потпишан е Договор со Изведувач а рокот за изведување на работите е до 26.07.2019 година. Изведувачот врши геометарски снимки на патот.

Проект: Рехабилитација на државен пат А3, делница Обиколница на Битола (клучка Крклино – Бензинска пумпа Лукоил) (8 км)
Буџет: буџет 94,28 милиони денари средства од буџетот на ЈП за државни патишта
Рок за изведба: 2018 – 2019 година
Статус: Патот е завршен во септември 2018 година.

Проект: Рамковна спогодба за поправка и рехабилитација на државни патишта кои ги опфаќаат следните делници:

Рехабилитација на државен пат Р1309, делница Кочани-Пониква (10,4км)
Буџет: буџет 102,55 милиони денари од буџетот на ЈП за државни патишта
Рок за изградба: 2018 - 2019 година
Статус: Потпишан е Договор со Изведувач а рокот за изведување на работите е до 17.09.2019 година. Извршено е асфалтирање во должина од околу 6 км.

Рехабилитација на државен пат Р2342, делница Тркање-Пишица (9,85км)
Буџет: буџет 32,92 милиони денари од буџетот на ЈП за државни патишта
Рок за изградба: 2018 - 2019 година
Статус: Потпишан е Договор со Изведувач а рокот за изведување на работите е до 17.03.2019 година. Извршено е асфалтирање во должина од околу 4 км.

Рехабилитација на државен пат Р1310, делница Радовиш-Подареш (9,85км)
Буџет: буџет 58,23 милиони денари од буџетот на ЈП за државни патишта
Рок за изградба: 2018 - 2019 година
Статус: Потпишан е Договор со Изведувач а рокот за изведување на работите е до 17.06.2019 година. Извршено е асфалтирање во должина од околу 2,0 км.

Рехабилитација на државен пат Р1310, делница Берово-Клепало (5,7км)
Буџет: буџет 89,33 милиони денари од буџетот на ЈП за државни патишта
Рок за изградба: 2018 - 2019 година
Статус: Потпишан е Договор со Изведувач а рокот за изведување на работите е до 03.07.2019 година. Се очекува да се отпочне со работа во Ноември 2018 година.

Рехабилитација на државен пат Р1102, делница Негорци – Гевгелија (5,4км)
Буџет: буџет 38,80  милиони денари средства од буџетот на ЈП за државни патишта
Рок за изградба: 2018 -2019година
Статус: Потпишан е Договор со Изведувач а рокот за изведување на работите е до  28.07.2019 година. Се очекува да се отпочне со работа во Ноември 2018 година.

Рехабилитација на државен пат Р1107, Транзитен дел низ Кавадарци (1,1км)
Буџет: буџет 23,13  милиони денари средства од буџетот на ЈП за државни патишта
Рок за изградба: 2018 -2019година
Статус: Потпишан е Договор со Изведувач. Рокот за изведување на работите е 12 месеци од воведување во работа. Изведувачот не е воведен во работа, бидејќи општина Кавадарци ги нема завршено обврските (одстранување на инсталации).

Рехабилитација на државен пат Р1301, делница транзит низ Охрид – десен и лев коловоз (5,6км)
Буџет: буџет 59,60  милиони денари средства од буџетот на ЈП за државни патишта
Рок за изградба: 2018 -2019година
Статус: Потпишан е Договор со Изведувач а рокот за изведување на работите е до  30.10.2019 година. Се чека на времен режим на сообраќај за отпочнување со работа.


Рехабилитација на државен пат Р1208, делница Охрид – Подмоље (кружен тек Евро хотел) (8,55км)
Буџет: буџет 74,78  милиони денари средства од буџетот на ЈП за државни патишта
Рок за изградба: 2018 – 2019 година
Статус: Потпишан е Договор со Изведувач, а рокот за изведување на работите е до  17.07.2019 година. Отпочнато е со припремни работи на патот.

 

Проект: Рехабилитација на државен пат делница, спој со Р1205 – Злетово - Пробиштип (17,3км)
Буџет: буџет 91,7 милиони денари средства од буџетот на ЈП за државни патишта
Рок за изведба: 2018 – 2020 година
Статус: Потпишан е Договор со Изведувач а рокот за изведување на работите е до 19.01.2020 година. Се чека на времен режим на сообраќај за отпочнување со работа.

Проект: Рехабилитација на државен пат Р1208, делница Подмоље (Кружен тек – Евро хотел) - Радожда (4,1км)
Буџет: буџет 29,16 милиони денари средства од буџетот на ЈП за државни патишта
Рок за изведба: 2018 – 2019 година
Статус: Потпишан е Договор со Изведувач а рокот за изведување на работите е до 07.08.2019 година. Се чека на времен режим на сообраќај за отпочнување со работа

Сподели: