РЕГУЛАТИВАпечати

Јавното претпријатие за државни патишта е надлежно за:

  1. Управување со државните патишта;
  2. Предлага петгодишна програма за развој и одржување на државнита патишта
  3. Постојано следење и контролирање на состојбите на државните патишта;
  4. Преземање мерки за рационално користење на средствата наменети за државните патишта;
  5. Вршење инвеститорски работи од областа на државните патишта; 
  6. Наплата на надоместоците за користење на јавните патишта утврдени со Законот за јавни патишта;
  7. Задолжувања кај домашни и странски финансиски институции;
  8. Организирање на изработка на студии и проекти за изградба, реконструкција,одржување,  заштита и наплата на патарина со право истите да ги отстапува на физички и правни лица во согласност со Закон
  9. Давање на вршење на работите за изградба,  реконструкција, рехабилитација,  одржување, заштита, наплата на патарина на државните патишта  на правни лица во согласност со Законот 
  10. Предлагање за давање на концесија и други видови на јавно –  приватно партнерство;
  11. Издава одобренија, одобрувања и дава мислења согласно со законот за јавните патишта
  12. Организирање на активности поврзани со вршење на броење на сообраќај, заштита на државните патишта, катастар на државните патишта и формирање на неопходни бази на податоци
  13. Применување и користење на систем за управување со одржувањето на коловозите (PMS) и систем на управување со одржување на мостовите (BMS) и
  14. Поддршка за изградба на патишта кои не се државни патишта, врз основа на обврски произлезени од закон.
Сподели: